Македонскиот тенисер Калин Ивановски ги заврши настапите на ИТФ-фјучрс турнирот во Бергамо, Италија, со елиминацијата во втората рунда од квалификациите.
Ивановски се соочи со вториот носител Михаил Кукушкин од Казахстан, против кого доживеа пораз од 1-2 во сетови (6-3, 6-7, 4-6). Македонскиот ас го освои првиот сет, а во вториот се врати од 2-4, но загуби во тај-брејк. Во третиот решавачки сет, искусниот Кукушкин направи еден брејк.
Кукушкин има 35 години и се наоѓа на 211 место на АТП-листата, а најдобриот ранг го имал на 39.место во февруари 2019 година.