Денеска (31.10.2023) во 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Фан Ноли“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Е.А.(43) од Скопје. Притоа, Е.А.(43), Ф.А.(44) и Е.А.(26) вдишиле чад и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила од екипа од СВР Скопје.