Откако утрово ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека ДУИ и СДСМ плодното македонско земјиште ќе го пренаменат во фотонапонски централи за да ќарат уште некој милион повеќе, се јави и Левица со речиси идентично соопштение без да ја спомене ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се бори против власта, Левица копира соопштенија од ВМРО-ДПМНЕ. Она што отвора многу сомнежи во сооштението на Левица е тоа што никаде не ја поддржуваат идејата на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на домашното производство на храна, туку самоиницијативно, само неколку часа по соопштението на најголемата опозициска партијата пуштаат соопштение по медиуми кое е со идентична поента.

Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:

– Во процедура се измени на Законот за земјоделското земјиште, на предлог на министерот Љупчо Николовски, со кои се предвидува на плодно земјиште, странските приватни корпорации да градат соларни електрани и произведуваат електрична енергија, која потоа ќе ја продаваат по берзански цени! Ваквите измени се катастрофални, затоа што плодната земја како лимитиран ресурс не смее да се оттуѓува за приватни интереси! Власта на СДС и ДУИ, откако го распродаде најважниот енергетски ресурс, Чебрен, сега ќе ја распродава и плодната земја – со што државата дополнително ќе стане зависна за храна и енергија од приватни корпорации. Левица, следејќи ја својата идеолошка линија, со години предупредува на дивеењето на крупниот капитал во овој сектор и цврсто се држи до тезата дека производството на електрична енергија треба да биде од домашни енергетски компании во државна сопственост. Истото не смее во никој случај да влијае негативно на производството на земјоделски производи, односно, земјоделското земјиште како ограничен природен ресурс треба да служи само и единствено за производство на храна, се вели во соопштението од партијата.– Во процедура се измени на Законот за земјоделското земјиште, на предлог на министерот Љупчо Николовски, со кои се предвидува на плодно земјиште, странските приватни корпорации да градат соларни електрани и произведуваат електрична енергија, која потоа ќе ја продаваат по берзански цени! Ваквите измени се катастрофални, затоа што плодната земја како лимитиран ресурс не смее да се оттуѓува за приватни интереси! Власта на СДС и ДУИ, откако го распродаде најважниот енергетски ресурс, Чебрен, сега ќе ја распродава и плодната земја – со што државата дополнително ќе стане зависна за храна и енергија од приватни корпорации. Левица, следејќи ја својата идеолошка линија, со години предупредува на дивеењето на крупниот капитал во овој сектор и цврсто се држи до тезата дека производството на електрична енергија треба да биде од домашни енергетски компании во државна сопственост. Истото не смее во никој случај да влијае негативно на производството на земјоделски производи, односно, земјоделското земјиште како ограничен природен ресурс треба да служи само и единствено за производство на храна, се вели во соопштението од партијата.

Само неколку часа пред ова соопштение за истата тематика се огласија од најголемата опозициска партија велејќи дека Власта предлага преку Министерството за земјоделие, со Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште, дури и најплодната македонска почва, да може да се пренамени за изградба на фотонапонски централи.

Земјоделското земјиште од трета и четврта класа ќе може да се пренамени во градежно, заради изградба на енергетски објекти во наменски зони, со измени во еден од членовите. Во Членот 51 исто така има и уште една голема измена, а тоа е, дека пасиштата како земјоделски површини, може да се пренаменат во градежни, наведувајќи дека и таму ќе се градат фотоцентрали. Додека во светот има недостиг на храна, додека храната во Македонија достигнува рекордни цени, власта сака да го уништи и тоа малку домашно производство што остана. Место владата да го поттикнува и помага домашното производство на храна, таа се обидува тоа да не постои, за функционерите на ДУИ и СДС и нивните блиски роднини, да приграбат уште некои милион плус во нивните џебови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот се поставува прашањето: Дали Левица е опозиција или опозиција на опозицијата?