Военото крило на Хамас денеска соопшти дека седум заложници, вклучувајќи и лица со странски пасоши, се убиени во вчерашното израелско бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија во Појасот Газа.

„Смртта за седуммина приведени, меѓу кои тројца со странски пасоши, во вчерашниот масакр во Џабалија“, се наведува во пораката на Телеграм од бригадите Изедин ал Касам.

Палестинското Министерство за здравство наведе дека неколку десетици лица загинаа во бомбардирањето на најголемиот бегалски камп во Појасот Газа.

Како што соопшти израелската армија, цел на нападот била „елиминацијата“ на воен командант на палестинската организација.

Военото крило на Хамас пред неколку дена излезе со проценката дека во израелското бомбардирање се загинати „речиси 50 заложници“. Меѓутоа, ваквата проценка не можеше да биде независно потврдена.

Израелските власти соопштија дека најмалку 240 Израелци, двојни државјани, како и странци, сè уште се држат како заложници од Хамас. Сите беа киднапирани на 7 октомври, кога командоси на оваа исламска екстремистичка организација од повеќе страни упаднаа во јужен Израел од Појасот Газа и нападнаа цивили. Нападите беа ненадејни, а насилството беше без преседан.

Според израелските власти, во нападот на Хамас загинаа над 1.400 лица. Оттогаш Хамас ослободи четири жени, две Американки и двајца Израелки.

Според последните извештаи на Хамас, повеќе од 8.500 Палестинци, меѓу кои околу 3.500 деца, се убиени од почетокот на израелското бомбардирање на Појасот Газа по нападот на 7 октомври.