Српскиот претседател денеска во видео објавено на неговиот профил на Инстаграм нагласи дека никогаш нема да потпише за независнот на Косово.
Исто како што зборуваа дека се против санкциите кон Русија, и дека јас лично ќе ги воведам по 3 април и по тие избори не го направив тоа, додека тие се уште се залагаат за санкции против Русија до денес, па сега се измислија дека сум подготвен да потпишам независност на Косово само за да поминам изборите, наведе Александар Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм профилот.