Добар ден и од мене, секогаш е задоволство да се биде дел од вакви настани, кога се отпочнуваат проекти како што кажа и градоначалникот, 2 милиони евра капитална инвестиција додадена вредност за општина Радовиш.
Тука бевме пред неколку недели на еден преубав настан тоа беше „Самунијада“, денеска сме тука на фрлање на камен темелник. Очекувам луѓето кои што ќе бидат корисници на овој објект навистина да бидат задоволни од условите кои што ги нуди, од она кое што можев да го видам станува збор за европско здание, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Очекувам дури и побргу од рокот да биде завршено така што посакувам уште многу објекти вакви, капитални да се реализираат со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ убеден сум дека поинтензивно ќе се градат поголеми капитални објекти. Општина Радовиш тоа го заслужува како што кажа и градоначалникот тоа што е домашна задача на општина Радовиш е завршена работа, но за жал имајќи го во предвид карактерот на владата на СДСМ и ДУИ до сега притисоците и неинвестирањето во општините каде што имаме градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си го прават своето.
Но, добрата вест е што за неколку месеци од денеска оваа криминална влада ќе биде минато, доаѓа влада на народот, влада која што ќе инвестира насекаде во Македонија и овде во Радовиш но и секаде во сите општини без разлика од која политичка партија доаѓа градоначалникот или е независен и така натаму.
-Уште еднаш посакувам среќа, со успех да се користи и уште многу вакви проекти да се реализираат, додава Мицкоски.