СВР Струмица поднесе кривична пријава против 20-годишните М.Д. и З.Г., двајцата од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, извести МВР.
– На 01.11.2023, првопријавениот изнајмил патничко возило „фолксваген туарег“ со косовски национални ознаки, со кое во близина на с.Негорци прифатиле седум мигранти од Сирија со цел да ги превезат кон Скопје, но притоа биле фатени од полициски службеници, соопшти МВР.