Облачно со повремени врнежи од дожд – ваква е прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи (УХМР) за денеска. Врнежите, проследени со ретки грмежи, локално ќе бидат поројни, а на места ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот северозападен ветер.
Минималните температури во земјава денеска ќе се движат од 4 до 10 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 9 до 20 степени.
Облачно и врнежливо време се очекува и во Скопје. Дождот повремено ќе биде обилен. Температурите во главниот град денеска ќе се движат во интервал од 8 до 15 степени.
За утре УХМР најавува сончево време со мала локална облачност.