Фантастично е што заменик-претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска, во емисијата Клик Плус на ТВ 21, не просветли со нејзините длабоки сознанија за одобрување на уставни измени!
„До крај на овој мандат ќе работиме на она што значи изгласување на уставните измени, како еден од предизвиците во овој извештај дека треба многу темелно да работиме на унапредување на политичкиот консензус, во рамки на нашето општество.Тоа значи дека треба многу да го унапредиме политичкиот дијалог на различни реформски процеси, теми и различни приоритети.
Според Лукаревска, уставните амандмани се апсолутно неопходни за Македонија да ги оправда сите овие реформски процеси и да биде дел од европското семејство. Затоа што знаете, уставните измени се единствениот проблем и камен блок кон Европа.
А, да не заборавиме дека Лукаревска се погрижи да спомене дека оваа заложба за уставни измени не треба да се гледа како на бугарски диктат. Затоа што е јасно, важно е сите да знаат дека никој не ја принудува Македонија на ништо. Тие само љубезно го предлагаат тоа како прашање на приоритет.
Па, ти благодараме Сања Лукаревска што ги сподели твоите непроценливи мисли со нас. Навистина сме благословени што имаме такви мудри лидери кои не водат низ овие предизвикувачки времиња.