„Тоа е уште еден момент кој што треба да се потенцира. Очекувавме тоа да биде промоција на главниот град, на Македонија како држава, но видовте и од тоа што треба да биде нешто убаво го претворија ова истото да биде обременето со многу сомневања за сторен криминал“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју дадено за „Република“ говорејќи за тендерот на МНР за изнајмувањето на возилата за самитот на ОБСЕ.

Мицкоски додаде дека нешто што чини многу малку пари власта го наплаќа од 4 до пет пати повеќе.

„Не очекувам јас од овие во Владата ништо повеќе поготово сега кога се на неколку месеци од губење на фотелјите кои што за нив значат се. Бидејќи без тие фотелји се ништо“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека не го изненадува ништо од луѓето од власта па ниту што самитот за ОБСЕ што требаше да биде убав настан го претворија во скандал за изнајмување на возила