Од Јавното претпријатие „Улици и патишта“ информираат дека денеска ќе има пренасочување на сообраќајот во општина Ѓорче Петров.
Ќе се врши монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови, како и нова семафорска инсталација на крстосницата на улиците „Ѓорче Петров“ и „Знеполе“.
-Поради изведба на активностите за монтажа, во периодот од 8 до 11 часот, сообраќајот ќе биде комплетно затворен на потегот од крстосницата на улица „Ѓорче Петров“ со улица „Македонски војски“, до крстосницата на улица „Ѓорче Петров“ со улица „Никола Пускаров“ – семафорите кај старата општина Ѓорче Петров, се појаснува во соопштението на претпријатието.
Пренасочувањето на сообраќајот ќе биде на улицата „Борис Сарафов“ и на овие локации, како и на сите останати внатрешни приоди, ќе биде поставена соодветна сигнализација.
Од претпријатието апелираат за трпеливост во сообраќајот, до завршување на активностите за монтажа на новите семафори.