Добри вести за патниците!

По привремениот прекин од петокот, денеска попладне се очекува да се нормализира железничкиот сообраќај во земјава. На бојкотот инициран од машинскиот и извршниот штаб на Железнички Транспорт му дојде крајот.

Претседателот на Синдикатот на машиновозачите и претставник на машинскиот извршен персонал, Тони Димовски, најави дека е исполнето нивното барање за исплата на патните трошоци.

Во изјава за МИА, Димовски го изразува своето задоволство, наведувајќи „Нашето барање за исплата на патните трошоци е исполнето. Со овој позитивен развој на настаните, престанува бојкотот во МЖ Транспорт со возот 643, кој попладнево наместо во 14:30 часот, ќе тргне со задоцнување отприлика од 90 минути, рече Димовски.

Извор: 24инфо