Расте минималната потрошучката кошница, со тоа расте и минималната плата. Министерот за економија, Крешник Бектеши преку краток Фејсбук статус објави дека за четири месеци од сега, минималната плата ќе биде 22.500 денари.
„Најниската плата во земјава од март 2024 година минимум 22.500 денари! Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година“, соопшти Бектеши на социјалните мрежи.
Сепак, вреди да се напомене дека расте и минималната потрошувачка кошница. Вредноста на Синдикалната минимална кошница за октомври 2023 година изнесува 46.198 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Најголем дел од кошницата, 44,06 отсто или 19 668,36 денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837,18 денари.
За домување во октомври биле потребни 13 716,86 денари или 30,73 отсто, за хигиена 3 267,42 денари или 7,32 процента, за превоз 3 735 денари или 8,37 отсто, за облека и обувки 2 343,63 денари или 5,25 проценти, како и за култура 1 067,86 денари или 2,39 отсто.