На Миле Јанакиески му било повредно правото на слобода со постојаното продолжување на мерката притвор што го потврди и Судот во Стразбур нагласи адвокатот Влатко Илиевски.
Мерката притвор наместо за обезбедување присуство се користела како инстант правда. Ова треба да биде поука но и да се отвори прашањето за одговорорност за носењето на ваквите одлуки, објасни Илиевски.
Адвокатот Миланов пак се осврна на досега поминатиот притвор на Јанакиески и пресудата за Титаник за која издржува затворска казна.
Нема никаква причина ниту законска пречка да не му биде вкалкулиран во затворската казна. Никаде не стои дека притворот мора да се однесува за предметот за кој е осуден, нагласува Миланов.