Куманово њуз објави дека воз Скопје-Табановце рано утринава удрило во комбе кај железничкиот премин кај Лопате.
Официјални лица велат дека двајца се повредени.
„Локомотива удри во патничко комбе во 5 часот и 50 минути. Две полесно повредени лица се пренесени во Општа болница Куманово. Во 09.45 часот железничката мрежа продолжува со редовен сообраќај. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово известуваат само за оштетувања на комбето и нема штета на пругата.