Во организација на повеќе ентузијасти и планинарски здруженија се формира Македонска „Бесконечна“ Трансверзала (со скратено, уметничко име „Sammiana“ ) – планинарска патека долга дури 2070 км и која ги опфаќа најголем дел од планините и природните убавини во Македонија !
Се работи за огромен и импозантен проект, не само поради импресивната должина , туку и поради тоа што поголемиот дел од трансверзалата, односно околу 1500км се нови патеки. Дополнително , со трасата се промовираат и предели кои се помалку познати за планинарската заедница и на некој начин се неправедно запоставени и покрај својата убавина.
Со овој проект Македонија ќе ја добие најдолгата планинарска трансверзала на балканот и ќе се најде на мапата на долги европски и светски трансверзали , а со тоа ќе стане и примамлива дестинација за сите планинари од целиот свет кои се љубители на трансверзалното планинарење.
Покрај трасирањето на самата трансверзала, во исто време за првпат ќе добиеме долгометражна патека за која ќе постојат прецизни и детални мапи и ГПС записи, добро документирани и со сите потребни информации за домашните и странски уживатели на трансверзалата.
Повеќе за трансверзалата:
Македонска Бесконечна Трансферзала ( кодно/уметничко име Sammiana ) е мега кружна трансверзала – непрекината планинарска патека која поминува низ поголемиот дел на територијата на Македонија, поминувајќи директно или во непосредна близина на огромен број природни убавини, историски локалитети и други знаменитости.