И покрај тоа што нема да има поскапување на струјата како што вели министерот Бектеши сепак Македонија ќе има нов заем од 100 милиони евра. Ваквото задолжување универзитетскиот професор Абуш Абил го смета како хаотично, бидејќи како што вели, потребно е да го користиме своите капацитети за производство на електрична енергија.
Мерките за справување со кризата кои ги презема Владата се хаотични. Наместо да се позајмуваме, треба да ги користиме нашите капацитети за производство на електрична енергија, вели универзитетскиот професор Абуш Абил.
Претходно, министерот Бектеши уверуваше дека на цената нема да влијае намалувањето на субвенционирањето на електричната енергија.
Заемот од 100 милиони евра од ЕБОР за ЕСМ е доволен и треба да ги покрие сите трошоци, во спротивно треба да има одговорност, додава министерот.
По изјавата на претседателот на РКЕ дека ЕВН – Хоум ќе ја формира цената, а тие само ќе ја контролираат, Бектеши вели дека приватна компанија може само технички да ги направи пресметките, но последниот збор го имаат регулаторите.
Парите кои се позајмуваат можеби ќе ја држат вештачки цената на струјата, но тоа ќе доведе до зголемување во друг сектор во економијата, сметаат познавачите. Сепак, дали ќе има или не поскапување на струјата ќе зависи од надворешните цени на снабдувачите на електрична енергија.
Бектеши очекува дека кон почетокот на годината ќе има нов универзален снабдувач и се надева дека маржите ќе бидат пониски. Моментално маржата е 11 насто согласно со тендерот од пред пет години.