Четворицата осомничени за убиството на четиринаесет годишната Вања, синоќа беа спроведени пред Основниот кривичен суд во Скопје. Причината за нивното носење пред судот е барањето на обвинителството за продолжување на мерката притвор за нив. Првично, на сите им беше одреден 48-часовен притвор.
Она што можеше да се види е фактот што тие беа ишишани пратично ќелави, а беа облечени и во комбинезони.
Според праксата во истражниот затвор, не се толерираат фризури за сторители на вакви тешки кривични дела и не се толерира облека со некакви ознаки на неа.
На прашање на „360 степени“ од директорот на затворот во Шуто Оризари за изгледот на осомничените, одговорил
„Не се толерираат во истражниот затвор фризури за сторители на вакви тешки кривични дела и не се толерира облека со некакви ознаки на неа“, изјави директорот на истражниот затвор „Скопје”, Филип Андов, додавајќи дека затоа осомничени биле во комбинезони кои ги добиле во затворот.