За шест дена треба да слави една година постоење, но најверојатно нема истото да го дочека. Себеси се декларираат како „современа националистичка партија“, но реалноста и не е баш таква. Проруски ориентирана со антизападна содржина, ширење невистини и партија која делува како опозиција на опозицијата е вистинската слика за нив чиј лидер е првоосомничениот за двете убиства кои ја потресоа македонската јавност.
„Десна“ иако пишува против власта пред се е насочена кон ширење невистини насочени кон ВМРО-ДПМНЕ. Нејзините членови се во тесна поврзаност со Левица, а тоа може да се забележи и од статусот на првоосомничениот за двојното убиство каде жртви беа Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, Љупчо Палевски. Статусот е под името „Примирје со Левица“, а напишан е само неколку дена пред да се случи убиството врз Вања.
Во продолжение го пренсуваме неговиот статус.
Судското решение за постоење на „Десна“ е донесено на 12 декемрви претходната година. Доколку се земе предвид изјавата на министерот Спасовски од вчеравечер, тој побара да биде дерегистрирана и неговата партија „Десна“, во која членувале и биле активни и другите осомничени за двојното убиство.
На оваа тема колумна напиша и главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев.
Држава со сериозен безбедносен и здравствен систем, во моментов би требало интензивно да работи со сите членови на партијата Десна/Трета, кои не биле дел од грозоморниот чин, вели тој.
За нивната активност која се базира на ширење невистини освен министерот обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ. За контроверзното делување тие велат дека во континуитет биле изложени на ваклана кампања од оваа партија која се базира на ширење лажни вести и говор на омраза кон нив.
Сепак, од партијата се оградија од Палевски и останатите членови кои се теретат дека ги извршиле масакрите. И покрај тоа што велат дека се за „слобода на говор“, тие ги исклучиле коментарите на објавата која може да ја видите во продолжение:
Во овој тежок момент и период, кога во Македонија за 7 дена се случија две убиства, во Велес и Скопје, се соочивме информации кои донесоа шок и неверување за нас.
Пред се, изразуваме најдлабоко и најискрено за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На семејствата на жртвите им изразуваме најдлабоко сочувство за загубата на нивните најблиски.
Политичката Партија Десна, за своите членови и претседателот на партијата, доколку се докаже дека се виновни, бара да бидат најстрого казнети. Во меѓувреме апелираме да се почитува уставно загарантираната Презумција на невиност на осомничените и обвинетите, додека не се докаже спротивното.
Пред Обвинителството и органите на прогонот претстои тешка и деликатна задача во целост да ги разоткријат сите елементи на овие настани.
Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи.
П П Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот.
Уште еднаш изразуваме искрено жалење и сочуство до семејствата на Вања и Панче, велат од „Десна“.
Оваа политичка партија освен што имаше свој подкаст себеси најчесто се промовираше на медиумот „Инфомакс“ каде редовен гостин беше Љупчо Палевски. Тој имаше тесни релации со водителите, но и со членови на Левица кои работат за овој медиум.