Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, на 17 ноември годинава е пријавен за семејно насилство од неговата сопруга, дознава НетПрес од свои извори.
По пријаватата, околу 02.25 часот полициски службеници дошле во неговиот дом, каде што ги затекнале видно вознемирени и исплашени членовите на неговото семејство. При разговорот со нив, сопругата кажала дека на ситуацијата и претходела вербална расправија со Глигоров, но исто така посочила дека тој поседува огнено оружје со кое тој се заканувал дека ќе си го одземе животот, пренесува НетПрес.
Со физичка полициска интервенција одземен му е пиштол со две рамки. Откако, ситуацијата се смирила, Глигоров побарал да стане за да се напие вода од кујната, но искористувајќи го моментот, повторно извикал дека ќе се самоубие, велејќи „Пуштете ме да се фрлам од балконот“, неофицијално дознава НетПрес од полициски извори.
Со брза реакција на полициските службеници, му биле ставени лисици на рацете. Повикана е итна медицинска помош, која пристигнала околу 04.20 часот, а при прегледот е констатирано дека лицето не било растревожено и дека одбива да се упати на преглед.
Надлежни органи утврдиле дека нема елементи на кривино дело, а пиштолот е одземен за понатамошна постапка, односно поради прекршок по член 12 од Закон за оружје.
НетПрес упати прашања до МВР и Град Скопје за потврда на случајов, но до објавување на текстот, немаме добиено одговори.
Пријавите за семејно насилство не се новина на Глигоров. Во неколку наврати досега во медиумите се пишуваше за ваквите негови испади
Според евиденцијата на МВР на 25.06.2007 година Глигоров е пријавен за нанесување на тешка телесна поврeда врз Л.Г.
Воедно на 12.03.2017 година тој повторно е пријавен за семејно насилство врз Л.Г. а, воедно кај Глигоров тоаш билo најденo и огнено оружје хеклер.
Годинава генералниот секретар се најде во жижа на јавноста и дека физички се „пресметувал “ со обезбедувањето Град Скопје, но од градските служби демантираа, пишува НетПрес.