Се вршат претреси на неколку локации, со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал, станува збор за неовластено тргување со културно наследство, дознава Канал 5
И специјалците се на терен, а како што дознаваме веќе уапсени се десетина лица. МВР потврдува дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целта на акцијата најавува подоцна во текот на денот.