Сметките за струја нема да се зголемат од први јануари, тврди министерот за економија Крешник Бектеши. Односно, би требало да има повисока цена за третиот и четвртиот блок, за да се покријат трошоците направени во првиот и вториот.
Кај домаќинствата кои помалку трошат струја нема да има промени, дециден е министерот, без оглед на барањата од енергетските компании, кои можат да одат и до 400 и 500 насто во делот на трошоците што ги пријавуваат и согласно тоа што планираат да инвестираат, но Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи што и колку ќе прифати. Со новата ставка за пристап до мрежа, пак, засегнати ќе бидат само сопствениците на викендици, на две-три куќи или станови.
„Дваесет и седум проценти не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО, ЕВН Дистрибуција и ЕВН Хоум, и најверојатно нема да бидат прифатени. Цената за домаќинствата и малите потрошувачи нема да се зголеми од први јануари, во спротивно ќе имаат дополнителна можност со користење на евтината тарифа да им биде намалена, рече Бектеши.