Несторовиќ вели дека ќе ги почекаат конечните резултати, а отпосле ќе одберат со кој ќе бидат во коалиција притоа одбивајќи коалиција со опозициската „Србија против насилство“.

Носителот на листата „Ние сме гласот од народот“ Бранимир Несторовиќ изјави дека тој и неговата листа сигурно нема да бидат во никаква коалиција и договор со „Србија против насилство“ обвинувајќу ги дека прават дестабилизација на државаата додавајќи – „видете што се тие. прави сега по изборите, како да прават атмосфера Мајдан“.

Ќе ги чекаме конечните резултати, не би коалицирале со никого, бидејќи така се договоривме на почетокот“, изјави Несторовиќ за „Вечерње новости“.

Тој додаде дека основачите на движењето, од кои 11, „ќе се сретнат и ќе гласаат деновиве, па ќе видиме дали можеме да бидеме малцинска поддршка на СНС и СПС за некои конкретни предлози“.

„Ние сме опозиција, но не сме опозиција на се, доколку имаше добри предлози во градското собрание или ако републичкиот парламент гласаше за Резолуцијата за Косово, која е во интерес на државата, секако дека ќе поддржи“, рече Несторовиќ.

Еден од основачите на тоа движење, Александар Павиќ, за весникот Курир изјави дека сега единствените две опции кои би можеле да бидат во игра се соработка со весникот „Србија не сме да стане“ или нови избори во Белград.

Нсторовиќ во неделата по изборите рече „нема да одиме во коалиции, тоа би било смртоносно за нас“.