По двојното убиство на Вања и Панче кое ја потресе целата македонска јавност, Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ констатира нелогичности со автомобилот на Панче Жежовски од Велес, а пропустот го наоѓа кај МВР предводена од Спасовски.
Во продолжение пренесуваме негова Фејсбук објава:
Гледам дека Спасовски решил да „глуми глув и слеп“, што впрочем е се што прави пред криминалот во сите овие 9 години министерување.
Спасовски, СВР Велес на 24.11 ги известува буквално сите во МВР дека Панче Жежовски последен пат е виден во дворот на своето живеалиште од страна на својот сосед на 22.11 околу 11:00 часот. Исто така, констатирано е дека возилото на Панче – Citroen BX (VE2931AD) го нема и констатирале дека Панче заминал со возилото.
За тоа дека Спасовски лажеше пред целокупната јавност нема да коментирам!
Но, затоа повторно ќе прашам – дали постои било каков акт (правилник, упатство) со кој е пропишана постапката по кој треба да постапуваат полицајците во вакви случаи? Дали е сосема нормално да се чека 2 дена за СВР Велес да прати известување, особено ако се земе предвид дека станува збор за лице со Паркинсова болест?
Дали е нормално и вообичаено постапување на полицијата да не се бара возилото, особено ако од старт се знае дека лицето заминало токму со возилото?
Значи, Спасовски, има ли оперативни процедури по кои се постапува или секој постапува како што сака или како ќе „му дојде“ во моментот?