Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер се обрати на промоцијата на проектот „Иднината почнува дома”, иницијатива на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Стопанската Комора која има за цел да поддржи индивидуалци кои се истакнуваат во своите области на делување, прават позитивна разлика и работат посветено како важни делови од обликувањето на иднината на нашата држава.
Секогаш ми било пријатно чувството кога го делам подиумот со млади и амбициозни луѓе, подготвени да направат позитивна промена во општеството. Посебно сум задоволен што сум сведок на создавањето на една нова иницијатива која има потенцијал, на долг рок да влијае врз обликувањето на иднината на младите кај нас.