Наместо урбано домување и зелена агенда, бизнис пајташите ДУИ и СДС тераат бизнис интерес на штета на Карпош и на граѓаните. Во корелација со градоначалникот Јакимовски тие по секоја цена го туркаат бетонизирањето на Алумина, со што би му овозможиле на Пуцко Петрол 600 милиони евра бизнис. Да потсетиме сопственикот на Пуцко Петрол е пратеникот од владеачкото мнозинство, Исмаил Јаховски, кој во исто време е омилениот градежник на градоначалникот на Карпош, велат во партискот о соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Се работи за сериозни милиони, кои веројатно се лепак и на политичка неформална коалиција. Очигледно 600 милиони евра не само што ја смениле зелената во бетон агенда, туку влијаеле и врз реториката на други субјекти кои сега изигруваат портпароли на компанијата која треба да гради бетонска џунгла во Алумина.
ДУИ, СДС и Јакимовски на сила решиле тоа да спроведуваат, иако јавноста, експертите и граѓаните се против. Според информациите кои постојат, а кои ниту Ковачевски, ниту Јакимовски не ги демантираат, во план е Владата да ги одземе ингеренциите на општина Карпош, со цел да се заобиколи локалниот совет и овој ДУП да се спроведе во корист на Пуцко. Со тоа Јакимовски ќе биде единствениот градоначалник кој барал одземање на ингеренции, само да му помине бетонизацијата.
Случајот Алумина на виделина ги извади лицемерието, алчноста и лагите на оваа екипа. Сега бегаат од одговори, ама наскоро нема да може да избегаат од одговорност. Сите до еден ќе сносат последици за работењето против интересите на граѓаните, стои во соопштението на партијата.