Приведен е државјанин на САД кој вчера бил затекнат во касарната Илинден.
Американскиот државјанин немал дозвола за влез во касарната, а полицијата го приведе.
Како што информираат од МВР, се работи за 69-годишен маж, а известени се обвинителството и безбедносните служби.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.