Власта ги полни институциите со партиски кадри како да нема утре. Огласот за 500 ново вработени во ЕСМ е само еден дел од бранот полнење на администрацијата пред избори, велат во денешното партиоско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Зошто ако имало потреба за нови дури 500 вработувања во ЕСМ тоа не било направено пред година дена? Како наеднаш се појавила потреба за дури 500 вработувања?
Очигледна е намерата на власта со овие 500 вработувања да се обиде да ги манипулира лицата кои ќе ги вработи во изборни цели.
И не е само ЕСМ, нови 41 вработување има и во ФЗОМ.
ВМРО-ДПМНЕ предложи доколку овој или било кој оглас е итен и неопходен, тој да се спроведе од институциите по изборите. Секое полнење на администрација пред избори не може да се свати поинаку освен како изборен поткуп, стои во сопштението на партијата.