Вистинска драма и дебакл на авио сообраќајот во Македонија. По денешната прес-конференција на Александар Тасевски – претседател на Синдикатот на контролори на летање членови и симпатизери на ДУИ иницирале физичка пресметка и се заканиле на контролорите за летање.
Оваа вест ја обелодени СДК од каде додаваат дека еден од контролорите бил удрен со бокс. Ткивото на ДУИ кои упаднале, непотврдено, биле особено гневни кон контролорите Албанци кои дале поддршка на Тасевски.
Целата драма се случувала по заминувањата на новинарите. Ваквиот епилог следува откако пред крајот на претходниот месец имаше масовни отказни решенија во Контролата на летање. Во знак на поддршка денеска се најавуваат и нови оставки.
Веста ја потврдија и од МВР.
„Денеска (04.01.2024) околу 15.15 часот во ПО Петровец лице вработено во МНАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“.
Револтот на вработените во Македонска навигација ескалираше. Денешната физичка пресметка е последница на несоодветните вработени кадри. Од Синдикатот велат дека не се исклучува можноста да почнат со штрајк и да го блокира македонското небо за прелети.
Триесетина контролори на летање и помошници контролори најавија оставки од раководните позиции поради случувањата со вработувања во М-НАВ, но и како поддршка за нивниот синдикален лидер Александар Тасевски. Тој беше повикан во полиција откако доби кривична пријава од директорите Фахрудин Хамиди и Фасим Деари за загрозување на нивната животна сигурност. За синдикалниот лидер ова е обид за притисок врз вработените, но и за зачувување на директорските позиции.
Ако не се промени состојбата во М-НАВ, Синдикатот по празниците размислува да оди на штрајк, но и чекор подалеку, со целосно затворање на воздушниот простор.
Тасевски со повик до Трудовиот инспекторат и Антикорупциска да ги чешлаат последните огласи за вработување во институцијата, за кои тврди дека се спорни по низа основи. Синдикалниот лидер го повика и Обвинителството, да истражи како биле потрошени 280.000 евра пари со кои требало да се изгради нова зграда.
Директор на М-НАВ, Хамиди, безбедноста на воздухопловниот сообраќај во ниту еден случај не е загрозена.