Поранешниот пратеник и партиски функционер на СДСМ, Гордан Георгиев во емисијата „24 анализа“ на Телевизија 24 потенцираше дека треба да се сплотат сите македонски партии кои се дел од градот Скопје и да направат преврат за да се тргне Арсовска.
– Мислам дека катастрофално го води градот. Сега сме жртви на неспособна градоначалничка и е многу конфликтна. Ова е приказна околу нова партија која ќе земе некои гласови и има предисторија. Толку е срозен рејтингот на Арсовска и на кој и да е во новата партија, што и тоа што ќе го откине го заслужува зошто опозицијата ја стави на тоа место, вели Георгиев.