На новинарско прашање „Каква порака испраќа О’Брајан“ универзитетскиот професор и член на Советот за национална безбедност кај претседателот Пендаровски, Ненад Марковиќ за „Трилинг“ во петочното издание вели дека „како доаѓаат така е сѐ полошо“ и потенцира дека „не треба да се чекаат Црни листи за адресирање на клучни проблеми“.
Мислам дека колку повеќе доаѓаат и не предупредуваат за аномалии толку повеќе ние се осеќаме под притисок и толку полошо функционираме. Ние не направивме никаков механизам, ниту внатрешен кој би рефлектирал внатрешен притисок, ниту надворешен кој би довел до подобрување на правосудството. Нема никаква последица по луѓето кои се на Црните листи на внатрешен политички план, нема темелна истрага зошто се ставени таму и кои се податоците. Вие комотно може да го интерпретирате како допрен глас за опширна политичка истрага, потенцира Марковиќ за „Трилинг“.
Професорот смета дека правната и судската култура е една широка и долга тема, а судството и понатаму е сервилно.
Не сум сигурен дека овој притисок даде некаков резултат или дека би дал во иднина. Ние не сме мрднати од тие декларативни заложби. Во 2017-2018 години можеби имаше некаков залет, но со тек на време тие како да испареа, избледеа, додава тој.
Марковиќ дава краток заклучок за Црните листи од Стејт Департментот.
Покажувате комплетна некомпететност. Не треба да чекате Црни листи за да адресирате вакви проблеми, заклучува универзитетскиот професор и член на Советот за национална безбедност кај претседателот Пендаровски.