Музичарот Бени Шаќири е избран за директор на Младинскиот културен центар, а според информациите, тој утрово веќе дошол на работа.
Шаќири беше еден од кандидатите, заедно со дипломираниот продуцент и филмски работник Никола Мадиќ и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор.
Шаќири доаѓа на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако градоначалничката Данела Арсовска го разреши Ванчо Богоев.
Претходно, Бени Шакири го очекуваше ова место и од Петре Шилегов.