Синдикатот на полицијата во Македонија со проштално соопштение се збогуваше со министерот Оливер Спасовски. Од таму велат дека тој ќе биде запамтен како најлошиот министер некогаш на овие простори, со катастрофални бројки кои неможат да се избројат, велат со соопштението од синдикатот.
ЗБОГУМ ОЛИВЕР, RUN, AND NEVER RETURN!
ПРОШТАЛНО ЗА ОЛИВЕР…
Денес се простуваме со еден од НАЈЛОШИТЕ министри кои ги дало МВР.
Денес се простуваме со човекот кој наместо „Задоволна и мотивирана полиција“ единствено создаде УПЛАШЕНА ПОЛИЦИЈА!
Затоа што:
Во периодот 2016-2023 година во МВР има рекордни 21.852 распоредувања!
Во периодот 2017-2023 година – во МВР има 19.898 тужби!
Во периодот од 2016- 2023 година од сметката на МВР по налози за извршни судски решенија се одлеани 22.834.231 милиони евра!
Ја ЛАЖЕШЕ јавноста дека ќе “воведе” позорна служба, не беше способен позорникар да испрати на терен.
НЕ БЕШЕ СПОСОБЕН ДА ВОВЕДЕ ВЕТИНГ иако претходно со години ја труеше јавноста за ова прашање.
УЖИВАШЕ кога се справуваше (ИЗЖИВУВАШЕ) со синдикалните претставници на СПМ, измислување дисциплински, суспендираше претставници, укина членарина, распоредуваше незаконски и токму тие твојот “КОШМАР” СПМ те надживеаја.
ЌЕ БИДЕШ ЗАПОМНЕТ КАКО НАЈЛОШИОТ МИНИСТЕР НЕКОГАШ НА ОВИЕ ПРОСТОРИ, СО ТВОИТЕ КАТАСТРОФАЛНИ БРОЈКИ ПОГОРЕ КОИ НИКОГАШ НЕМА ДА МОЖЕШ ДА ГИ ИЗБРИШЕШ. Единствено беше “ПРОПАГАНДА” министер.
Единствено, Маце ќе плаче кога ќе те НЕМА. И ТОЈ ВЕЌЕ Е ИСТОРИЈА!
ЗБОГУМ ОЛИВЕР, RUN, AND NEVER RETURN!
Ова се вистинските факти во МВР!
Ова е вистината за МВР!, стои во сопштениетои на СПМ.