Македонските граѓани во редици чекаат сликање за нови пасоши, а Бујар Османи не ни поднел официјално барање до Грција важечките пасоши дополнително да важат, откри главниот уредник на Радио Лидер Љупчо Златев во неговото гостување во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа.
– Ова ексклузивно го откривам за вашата емисија. Утринава имав брифинг од висок дипломатски извор од Грција. Грците се вчудоневидени од тоа што се случува овде. Имено, покрај тоа што претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски најавија дека ќе побараат од Грција за дополнително време да се пролонгира важноста на пасошите на кои не е впишани името Македонија, до овој момент нашето МНР нема испратено такво барање до Грција. – рече Златев.
Новинарот додаде дека од грчка страна постоело позитивно расположение да се пролонгира важноста на пасошите.
– Реално на Грција ништо не и менува дали уште една, две или три години ќе се користат овие пасоши. Преспанскиот договор од наша страна и така, за жал е испочитуван во сите други основи. Проблемот е што овде со нас владеат неранимајковци на кои не им е гајле за тоа колку се малтретира народот. Прво не лажеа дека ќе важат до крај старите пасоши, потоа ни кажуваа дека промените нема да ги плаќаме од свој џеб, за сега да го направат хаосот и да не сторат ништо тој да престане. Плаќаме од свој џеб за да чекаме како стока. – рече новинарот.
Тој додаде дека од денеска Панче Тошковски освен како технички министер за внатрешни, можеме да почнеме да го нарекуваме и технички министер за надворешни работи, затоа што тој пробува да му ја заврши работата на Бујар Османи преку средби со амбасадорката на Грција.
- Бобан Стефковски: Данела Арсовска да поднесе оставка, нејзината партија освои 2584 гласови во Скопје!
- (ВИДЕО) ОД КАДЕ ДОЈДЕ ПОБЕДАТА НА МИЦКОСКИ И СИЛЈАНОВСКА? – ПЕНДАРОВСКИ САКА ДА ГО ПРЕЗЕМЕ СДСМ?
- Советот на амбасадори ја пофали демократската зрелост на последните избори, честитки до народот, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
- Мицкоски за владата во заминување: Не може континуирано со својот народ да работат со инжињеринг и манипулации
- Меѓународно внимание и реакции на исходот од претседателските и парламентарни избори во Македонија: Глобалните и регионалните медиуми пишуваат за победата на опозицијата, првата жена претседател, односите со ЕУ и регионалните тензии