Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои 33 санкции за непочитување на брзината на движење, осум мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за користење на мобилен телефон при возење, 26 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.