Пронајдено е 14-годишното девојче кое во четвртокот беше пријавено за исчезнато, информира полицијата. Министерството за внатрешни работи не споделува повеќе детали за случајот. Само дека девојчето е вратено кај неговите родители.
„Пронајдено 14-годишно девојче кое беше пријавено дека се оддалечило од домот. Денеска (03.02.2024) полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа Р.М. (14) од Скопје, за која нејзиниот татко С.М. на 01.02.2024 пријави дека се оддалечила од домот. Малолетничката ќе биде предадена на нејзиниот татко“,соопшти МВР.
Инаку, за исчезнувањето на девојчето се споделуваше информација на социјалните мрежи. Во објавите пишува дека 14-годишно девојче од Скопје со име Ринеса не се вратило дома од четвртокот. Беа објавени и телефонски броеви на кои може да се пријави било каква информација за случајот.