Во ексклузивен разговор за Телма, министерот за правда Кренар Лога, за време на посетата на Турција изјави дека очекува постапката за екстрадиција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да заврши брзо.
Судскaта постапка за ектрадицијата на Палевски е завршен и во прв и во втор судски степен во Турција и е потребен завршување на административниот дел, односно МНР на Турција да стави свој потпис на екстрадиција, изјави Лога за Телма.
Двата суда донеле одлука за одобрување на екстрадицијата, а Лога тврди дека „во прашање се денови за негово испорачување во Македонија“.