Најпрво сакам да им се извинам на граѓаните на Македонија за сè ова што се случува со личните документи. Ова е лудо. А решение има. Ако има политичка волја, проблемите се решаваат за еден ден, изјави вечерва за ТВ Канал 5 новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој истакна дека според Законот за безбедност во сообраќајот возачките дозволи со Република Македонија нема да важат ни за внатрешна ни за надворешна употреба. Сепак посочи дека суштината не е во тоа дека МВР ќе казнува, туку во случај на сообраќајна несреќа осигурителните компании ќе имаат право на регрес.
-Многу ми е жал за ова што им се случува на македонските граѓани заради сервилноста на високи функционери на оваа влада кон сопствената држава, кон сопствените граѓание“, рече Тошковски.
Според него, ако има политичка воља решение има со измени во Законот за патни исправи и во Законот за безбедност во сообраќајот.
„Измените ги подготвив. Тука се. Готови се. Кога пред моите колеги ги предложив овие измени, бев опструиран, министрите ми велеа дека ќе сме прекршеле меѓународен договор. Ова што го предлагам е согласно сите меѓународни акти кои ги гарантираат основните човекови прави. Вака го кршиме основното човеково право на движење, оневозможуваме излез од државата со валидна патна исправа. Нема кршење на меѓународни договори ако се усогласат техничките рокови од Преспанскиот договор врз основа на објективните човекови и технички капацитети на Македонија. Може да се бараат нови рокови. Со меѓународен билатерален договор не смее да се кршат човекови права. Ова е резултат на незнаење и неодговорност на властите. Ова што се случува е флагрантно кршење на човековите права. Ова е страшно. Не можам дури ни да поверувам. Грција нема право да го поништи пасошот. Обрасци немаме. Состојбата е алармантна“, рече Тошковски.