Меркел повтори дека Германија го поддржува правото на Израел на самоодбрана, како и дека Берлин смета дека масовната акција на ИДФ е „вистинска работа“. Но, додаде, дека не верува дека воената акција ќе придонесе за мир во регионот.
– Од друга страна, ние ќе придонесеме во дипломатските обиди што ќе донесат траен мир и долгорочно решение, рече германската канцеларка, додавајќи дека еден од начините да се постигне тоа е да се одржат индиректни разговори со Хамас.
Таа, да потсетиме, претходно кажа дека Израел има право да се брани, но погледите на ветската јавност се уште се насочени кон Појасот Газа, во кој 11 дена траат конфликтите меѓу милитантниот Хамас и силно вооружениот Израел.
Сите напори, дури и оние што доаѓаат од личноста која има најголемо влијание врз Израел, американскиот претседател, досега не вродија со плод, додека има бројни анализи во медиумите кои покажуваат дека, ниту Израел, ниту Хамас, не се расположени за прекин на огнот, бидејќи всушност, на последниве во низава оваа војни, им обезбеди политичка моќ, која почнаа да ја губат. На Бенјамин Нетанјаху му одговара заради климатавата можност за формирање влада, а на милитантниот Хамас војната му треба за политички да го надмине ривалскиот Фатах.