По средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека посочил оти Србија е цврсто решена да го забрза европскиот пат кон ЕУ, но дека очекува јасни сигнали за поддршка од Европа на тој пат.
Недвосмислено му кажав на Мицотакис дека Србија е цврсто решена да продолжи и да го забрза својот европски пат, дека сме ѝ благодарни на Грција за таа поддршка и дека тоа не е само формална реченица што политичарите ја изговараат, туку дека е од суштинско значење за нашата земја, рече Вучиќ и додаде:
Но, исто така реков дека разбирам оти во Европа не се секогаш задоволни од сите наши потези, но и дека во Европа мора да разберат оти и ние очекуваме јасни сигнали да ја поддржиме Србија на нејзиниот пат.