Дополнителниот заемник министер, Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. Оваа средба се одржа по барање на Трипуновски.
На средбата се разговарало за сите отворени ситуации за кои што во минатото јавноста не била информирана.
– Сега од позиција на технички заменик министер со десетина дописи се обратив до агенцијата каде што барав расветлување на многу случаи кои што во минатото останаа неодговорени. Иако поминаа петнаесетина дена и тие дописи не беа одговорени, денеска ги поразговаравме директно со директорот Бабовски и апелирав и укажав дека одговорот и транспарентноста мора да биде на прво место во интерес на сите граѓани на Република Македонија, изјави Трипуновски после средбата.
Во последниов период Трипуновски изнесе неколку случаи за влез на неквалитетна и небезбедна храна во Македонија за кои ниту АХВ, ниту директорот Бабовски не дадоа целосни информации.
– Исто така ја употебив оваа прилика да упатам сериозен апел до Бабовски, до сите сектори во Агенцијата за храна и ветеринарство, да во наредниов период биде засилена контролата и мониторингот на храната бидејќи граѓаните заслужуваат безбедна и здрава храна, заврши Трипуновски.