После Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош и претседател на партијата Гром собра 10 илјади потписи за претседателска кандидатура.
Тој во својата фејсбук објава наведе дека собрал 10 илјади потписи, а дека неговата прва цел е да влезе во вториот круг на претседателските избори.
Според неговите зборови, главната цел на Стевчо Јакимовски е Македонија да добие храбар претседател кој воедно е и искусен политичар.
-Потписите се собрани, битката допрва почнува. Кога не сум фаворит обично сум најсилен а првата цел е влез во вториот круг. На Република Македонија и треба храбар претседател, а не марионета. Македонија заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата Претседател на Македонија. Секој од нас заслужува подобро‼️Храбро до победа ‼️ Да живее Македонија‼️“