Почитуван претседател Христијан Мицкоски, почитувани членови и пријатели од ВМРО-ДПМНЕ, дозволете ми да ви посакам сѐ најдобро на вашата денешна конвенција за избор на вашиот кандидат за претседател на државата. 2024 година не е само клучна година за Европската иднина, имајќи ги предвид изборите за Европскиот парламент во јуни, туку е особено важна и за вашата земја, која за многу брзо, веќе на пролет, ќе излезе на клучните претседателски и парламентарни избори. На ВМРО-ДПМНЕ како членка на Европската Народна Партија и посакуваме се најдобро и успех на изборите, ова денеска го истакна Патрик Волер, директор за надворешни односи на Европската Народна Партија.
„На вашите граѓани им треба претседател и влада, кои се силно посветени и фокусирани на европските реформи и стандарди, кои ќе се борат против корупцијата, ќе го зајакнат владеењето на правото и независноста на судството, и на крајот, ни не помалку важно, ќе ја зајакнат економијата, за вашата земја да просперира и да оди напред на Европскиот пат. Денес, ви посакувам успешна Конвенција, добри одлуки и се надевам дека ќе се видиме со многу од вас на Конгресот на ЕПП следната недела во Букурешт“, додаде тој.