Антикампања и повик за бојкот – недолични за еден политичар
Оттаму додаваат дека покрај јавното етикетирање и дискредитирање на медиумот и неговото одговорно лице, упатен е и повик за бојкот на огласувачите и нивните производи на ТВ Канал 5, при што се споменува системска организирана антикампања.
Неприфатливо однесување на Апасиев
Ваквото однесување е апсолутно неприфатливо, особено станува збор за политичари и јавни личности кои треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на медиумите. Политичарите и носителите на јавни функции мора да свесни за тежината на искажаните зборови и одговорноста што ја имаат пред граѓаните. Непримерната комуникација негативно се одразува на слободата на изразување, пред сè во чувствителни периоди како предизборните и го нарушува достоинството на медиумските работници.