Панче Тошковски, техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ наведува дека практично 50-те дена за кои зборува Џафери не ни постојат. Тој наведува дека на 18 март се затвора избирачкиот список, па до тој ден треба да стапи во сила не стапи предложената законска измена според која граѓаните би можеле да гласаат со важечките пасоши.
„Прво човеково право кое им е прекршено на овие граѓани е правото на слободно движење, е сега, второто човеково право се крши, а тоа е правото на глас. Се надевам дека како премиерот, така и останатите фактори во оваа држава, особено пратениците од СДСМ и од ДУИ, ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на соодветни законски измени со кои барем ова право да не им го кршиме, фрапантна бројка од над 100 000 граѓани кои имаат важечка патна исправа согласно втиснат датум, а нема да може да го остварат своето право на глас зашто истите немаат важечка лична карта“, вели Тошковски.
Ова следува по вчерашната изјава на Џафери.
Министерот утрово во изјава за медиумите додава дека „бројките не лажат“, а бројката на пасоши е дуплирана.
„Апсолутно (се решава н.з.). Видете, бројките не лажат. Политичарите лажат, ама бројките не лажат. Факт е дека бројките во однос на издавање на патни исправи се дуплирани од претходно. Еве, не ме држете за збор, отворете на мојата фејсбук-страница и видете ги бројките, да не испадне после дека министерот згрешил бројка. Но, отприлика бројките рапидно растат овој месец во споредба со претходниот. Сигурно се многу поголеми отколку претходно. Што значи тоа? Дека со реорганизација и со посветеност во рамки на работењето, со работење во интерес на граѓаните може да се зголемат бројките.“, заклучува Тошковски.