Никој од двете делегации не е повреден, но се загинати најмалку пет лица, соопшти Украинската одбрана. Зеленски го осуди нападот, обвинувајќи ја Русија дека нема контрола каде цели нивната армија.
„Видете со кого си имаме работа, не им е гајле каде удираат. Има жртви и повредени. Ова е војна за опстанок, ако не се одбраниме, нема да преживееме“, изјави“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Навистина е различно, коментира грчкиот премиер. Едно е да се чита за војната, а друго е да се види и чуе со свои очи и уши, вели Мицотакис.
„Правевме обиколка на градот кога слушнавме сирени, набргу потоа и експлозија. Ова е најживописниот потсетник дека овде се случува вистинска војна. Секој ден, и влијае не само на линијата на фронтот, туку и на невините цивили“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Москва соопшти дека успешно уништила хангар со дронови на украинската морнарица, не дефинирајќи дали мисли на истите експлозии на кои се повикаа двајцата лидери. „Целта е постигната, целта е погодена“, стои во соопштението на Министерството за одбрана на Русија. Од Стејт департментот го осудија потегот на Кремљ.
„Нападот е уште еден потсетник за тоа, како Русија продолжува да ја напаѓа Украина секој ден и за тоа дека итно и се потребни пресретнувачи за воздушна одбрана. Ова е потсетување дека Конгресот треба да преземе акција, како што ги повикавме да направат, за да ја поддржат Украина во нејзината борба со руската агресија“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.
Реакција за последната руска акција пристигна и од шефицата на Европската комисија. Таа на социјалните мрежи остро го осуди, како што го нарече, гнасниот напад за време на посетата на лидерите.
Извор: МРТ