Вознемирени очевидци ја раскажуваат трачигната случка кај Прешево синоќа. 52 годишен Албанец од Македонија пукал кон 38 годишна Србинка, а откако не ја убил на лице место тој самиот решил да си пресуди.
Детали – како настанал инцидентот?
Сведоците на настанот велат дека се започнало со расправија во автомобилот на македонскиот државјанин од Тетово. Очевидците раскажуваат дека по расправата во еден момент жената со трчање излегла од возилото. Мажот излегол од автомобилот и во неа испукал неколку куршуми. На крајот решил самиот тој да си пресуди земајќи го пиштолот и директно се застрелал во главата.
Докторите се на потег да ја спасат
За разлика од мажот кој самиот си пресудил и не давал никакви знаци на живот, кај жената состојбата е поинаква. Таа давала знаци на живот и веднаш била однесена во Здравствениот дом во Врање. Не можејќи докторите во Врање да ја спасат извршиле итна транспортирана на жената во Универзитетскиот клинички центар во Ниш. 30 минути по полноќ таа веќе била примена таму.
Сложени хируршки интервенции
Жената од Србија се бори за живот. Според првичните информации утвдени биле повреди на трахеите, на вратните пршлени, дијагностицирана била инкулзија на воздух во градната празнина и контузија на левото белодробно крило.
Кој бил мотивот?
Засега мотивите не се познати. Од српското МВР се уште немаат информации, но известуваат дека автомобилот бил запрен заради сообраќаен прекршок. Мажот со ауди од Тетово ја направил драмата во која што на крајот си пресудил сам. Неговата сопатничка од српска ноационалност се бори за живот.