На полноќ заврши собирањето потписи за претседателски кандидатури. Веќе е јасно дека само седум од вкупно 15 претенденти ќе одат понатаму.
На гласачкото ливче ќе стојат имињата на Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Бујар Османи, Арбен Таравари, Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски и Билјана Ванковска.
Листите до Државната изборна комисија треба да бидат доставени најдоцна до 19-ти март на полноќ.
Најголеми фаворити за вториот круг се Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски.
Партиите сè уште ги кројат кандидатските листи за пратеници. Се очекува да се достават пред истекот на крајниот рок на 2-ри април.