Во продолжение го пренесуваме целосно соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Стево Пендаровски ги лажеше граѓаните дека ќе го слуша гласот на народот и дека од него ќе чуел што треба понатаму да прави. Пендаровски ги доби изборите, отиде на Водно и ни народ слушаше ни бутур. Стана аминџија на штетните закони на власта и ништо повеќе.

Како обичен писар потпишуваше се што ќе му пратат, целосно игнорирајќи ги ставовите на луѓето, експертите или медиумите. Најконтроверзните закони ги потпишуваше во рок од неколку часа по нивното гласање, онака како што ќе му наредеа оние кои го поставија на позицијата, ДУИ и СДС.

Пендаровски не само што го изгуби кредибилитетот и интегритетот, туку изгуби и контакт со реалноста која ја живеат граѓаните. Тој со своите постапки и политики го погази достоинството на граѓаните и на државата.