Првиот човек на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски најави нова и голема инвестиција во оваа општина. Станува збор за нов спортски терен во Аеродром, вкупна инвестиција од 23 милиони денари, а истиот ќе никне на местото на старото и запоставено игралиште во Реонски Центар Аеродром.
Терен по сите стандарди
Градоначалникот информираше дека проектот се реализира како дел од јавно–приватно партнерство помеѓу Општина Аеродром и приватна компанија. Додаде дека ова ќе биде терен направен по сите стандарди, а ќе има повеќе натпреварувања.
Во продолжение може да го видите и видеото кое има кадри од птичја перспектива.
View this post on Instagram
Што сѐ опфаќа инвестицијата?
Како што инфорира Муцунски во рамки на спортското игралиште планирано е да се добие нова повеќеслојна подлога погодна за терен со вештачка трева. Освен тоа треба да биде извршена и целосна санација на металната конструкција, трибините и заштитната мрежа. Ќе бидат поставени и нови клупи за резервни играчи со кабини од плексиглас, како и целосна реконструкција на соблекувалните.